Што е All-in-one (AIO) POS компјутер?

All-in-one POS компјутери се рационализирани десктоп компјутери со екран на допир, кои ги содржат сите компоненти на традиционалниот компјутер, како и периферни компоненти кои помагаат при POS услуги:

  • читач на платежни картички
  • баркод скенер
  • fingerprint скенер
  • каса
  • специјализирани порти за поврзување на други POS уреди (RS232, RJ12).

Освен што заштедуваат простор на работната површина и имаат помалку кабли, тие се сметаат за практични и корисни за користење, делумно благодарение на нивните големи интерфејси со екран на допир.