Смарт хоме решенија

Интелигентен Дом

Добредојдовте на единственото место каде врвната технологија за домашна автоматизација ќе Ви биде понудена заедно со совети за инсталација и можности за примена. Уредите кои можете да ги набавите од нашата веб продавница имаат разновидна практична примена и можат да се вклопат во системот за домашна автоматизација на различни позиции. Предвидете сценарио на настани кои ќе ја заменат или подобрат Вашата секојдневна рутина и дозволете уредите од системот сами да ја доловат посакуваната сцена наместо Вас.

Дозволете си зраците на утринското сонце да влезат во спалната соба минути пред да се разбудете, водата за утринскиот напиток да биде згреана, а температурата во домот прилагодена по Ваш терк. Продолжете го работниот ден безгрижно, ништо не сте заборавиле вклучено дома, уредите во Вашиот дом ги контролирате отсекаде каде имате интернет пристап.

Овозможете си вечерните мигови во Вашиот интелигентен дом да Ви поминат осветлени во бои кои ќе Ви го подобрат расположението.
Зачувајте ја приватноста навечер но дозволете им на сончевите зраци од рано утро да го осветлат ботаничкото катче во Вашиот дом со отварање на завесите или ролетните пред да се разбудете. Заштитете ја покуќнината од пладневно сонце со навлекување на завесите или ролетните во моментите кога сонцето е најсилно лете, но дозволете му на сонцето зиме дополнително да го згрее Вашиот дом.
Имајте контрола над секој електричен уред во домот независно дали сте дома или надвор. Контролирајте ја температурата, проветреноста, осветленоста во домот преку зададени параметри и креирани листи на акции преку кои уредите во домот интелигентно ќе постапат за да ја овозможат Вашата посакувана сцена.
Обезбедете навремено известување за поплава, пожар или олуја и спречете поголема штета со поставување на сензори на критични места со истовремено превземање на соодветни акции за намалување на штетата во Вашиот Интелигентен Дом.

Прилагодете го својот дом кон Вашите потреби, направете го попаметен, уживајте во него повеќе и не грижете се кога сте отсутни,  Вашиот дом е безбеден и изгледа исто онака како кога Вие би биле во него.

Инвестирајте во интелигенцијата на Вашиот дом за да штедете потрошувачка на електрична енергија. За секој управуван уред во Вашиот дом, системот води статистика за потрошувачка на електрична енергија. Ефикасноста во користењето на уредите и апаратите во домаќинството можете да ја контролирате со креирање на сценарија за ефикасна употреба на секој уред или апарат кој е во системот.

Од големиот избор на опрема и системи за домашна автоматизација ARC Ви ги нуди програмите на светски признатите производители кои системите за домашна автоматизација ги базираат на Z-wave технологија. Секојдневно бројот на производители кои ја користат оваа технологија се зголемува, а на пазарот се нудат разновидни модули, сензори и уреди кои лесно можат да се адаптираат во системите за домашна автоматизација. ARC е местото каде понудените уреди се компатибилни со контролерите кои ги управуваат и воедно е место каде ќе добиете совети во врска реализација на Вашите идеи за примена на уредите произведени под закрила на Z-wave Alliance.

Спремни сте за соработка?

ARC нуди широка палета на услуги од полето на големопродажба и систем интеграција на компјутерска опрема и софтвер.

  • 1

    Големопродажба

    ARC нуди компјутерска и мултимедија опрема за мали и средни претпријатија.

  • 2

    Интегрирани ИТ решенија

    Имплементација и интеграција на софтвер и хардвер интегрирани според Вашите бизнис потреби.

  • 3

    Одржување на ИТ системи

    Услуги за активна поддршка, безбедносно одржување и надградби на компјутерски системи.